Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер до ДПТМ може да поднесе секое домашно или странско физичко или правно лице, за информации кои се однесуваат на приходите и расходите на партијата.
Пристапот до информацијата може да се побара писмено или усно. За писмено барање потребно е да се пополни образец и да се достави до ДПТМ, електронски на info@tdp.org.mk или лично во седиштето на партијата. Партијата треба да достави одговор најдоцна во рок од 20 дена. Барателот има право на жалба до Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во рок од 15 дена.
Контакт: (02) 3214053 · 078 386 216